{Verse 1}
Да останат ли само спомени, слики избледени
Да покрие ли се зимата со својте снегови
Како небото да солзи над моите прозори
Како срцето да брои последни удари, ууу
{Chorus}
Прегрни ме ветрот да не ме однесе
Нека има разделби, но во некои туѓи животи
Зарем љубовта не е сѐ што имаме
Зарем не сме јас и ти силни да пребродиме
Само лош ден, знам лош ден имаме
{Verse 2}
Знам дека овој ден ќе биде бргу заборавен
Градите се преполни со љубов за да ни е последен
Сонцето ќе најде пат да не спаси од облаците
Срцето на дланка ми е, подај ми ги рацете, ууу
{Chorus}
Прегрни ме ветрот да не ме однесе
Нека има разделби, но во некои туѓи животи
Зарем љубовта не е сѐ што имаме
Зарем не сме јас и ти силни да пребродиме
Само лош ден, знам лош ден имаме